ТОП СПОТ 3
Во оваа рубрика ги рангираме
вашите предлози за ТОП - СПОТ
1. БАКЛАВА - ТВОЈТЕ ОЧИ ЛЕНО
Интересен спот на етно групата " Баклава "
Преработена е подзаборавена македонска изворна песна
од егејскиот дел Македонија.
Релаксирачка песна, ненаметлив спот, квалитетно уметничко дело.
Останатите коментари ви ги препуштаме вам
2. AЊА И ПАРКЕТИ - ЈАС ТЕ САКАМ ТЕБЕ
Битолчаните " Паркети " снимија нова песна и спот.
Станува збор за лесна певлива песничка наменета
и за помлади слушатели и гледачи.
3. СЛАТКАРИСТИКА - ШОПИНГ
Комерцијална песна со интересна содржина од секојдневниот живот
која ги опфаќа женско - машките релации,
посебно изразени во снобистичките кругови и кај
комплексирани девојки кои се преокупирани
со личниот изглед.
Вашите предлози за видео материјал,може да ги доставувате
на следнава е-mail адреса :
radiusprog@yahoo.com
Истите не мора да се музички спотови, туку каков и да е видео материјал
за кој сметате дека е интересен да го видат и другите посетители