Сите права се задржани ЈОУ Градска библиотека "Борка Талески" Прилеп
Лујза Л. Хеј и пријателите
БЛАГОДАРНОСТА НАЧИН НА ЖИВОТОТ
Дело на собрани сознанија и мудрости
од многу инспиративни учители и автори,
луѓе кои ја демонстрирале моќта на
благодарноста во својот живот.
Вадислав Бајац
КНИГА ЗА БАМБУСОТ
Книга за бамбусот претставува
метафора за раѓањето на една
филозофија низ билката која ги
допира човечките прсти и се враќа
на својот дефинитивен облик.
Бамбусот е главен лик и предмет
на човечките мисли и желби,
тој е врската меѓу две култури
(јапонската и кинеската),
врската помеѓу човечките судбини;
тој ги определува настаните,
преземајќи ја вината врз себе.
Александар Донски
ТАЈНАТА НА БАКАРНАТА КНИГА
Каква голема тајна крие во себе мистериознта Бакарна книга,
дали навистина постои и денес се чува во некоја
приватна збирка во Македонија ?
Во 1989 год, пратеник од Ватикан го посетува
југословенското раководство и веројатно им донесува
тајни записи од Ватиканската библиотека.
По овој настан единици на ЈНА блокираат дел од планината Беласица.
Истата година и од грчка страна е направен обид да се копа
подземен тунел под Беласица при што осум работници загинуваат,
по што проектот е откажан.
Дали оваа книга ги крие најголемите тајни од македонската
античка историја ?
Раџат Алсанеа
ДЕВОЈКИТЕ ОД РИЈАД
Четири 20-годишни студентки
од главниот град на Саудиска Арабија,
се трудат да ги усогласат своите
љубовни желби со крутите правила
на традицијата на исламот.
Љубов, мажи и пари,
кршење на табуата....
Сексот и градот во арапски стил.
Карлос Руис Сафон
СЕНКА НА ВЕТРОТ
Барселона 1945, градот полека ги залекува
раните од војната, а Даниел, син на трговец
со антикварни книги, дете кое тагува по
изгубената мајка, си наоѓа утеха во
мистериозната книга "Сенка на ветрот"
напишана од извесен Хулијан Караш.
Но кога почнува да бара и други книги
на истиот автор, доаѓа до шокантно откритие:
некој систематски го уништува секој примерок
на книги напшишани од Караш.
Даниел се обидува да дознае зошто тоа се случува
и во потрагата ја отвора вратата на една од
најмрачните тајни на Барселона.
Валентин Черних
МОСКВА НА СОЛЗИТЕ НЕ ИМ ВЕРУВА
Едноставна и мудра приказна
за три девојки кои од провинција
доаѓаат во Москва.
Тука започнува нивната борба за иднината.
Секоја од девојките го одбира својот пат,
секоја го наоѓа својот маж, секоја го наоѓа
своето место во Москва .
Но по која цена ?
Јукио Мишима
ЗЛАТНИОТ ПАВИЛЈОН
Младо момче, иден зен
будистички свештеник,
опседнато е од убавината на
Златниот павилјон.
Таа опседнатост и недостижност
на вечната убавина резултира со
најголемото злосторство,
момчето го пали древниот храм,
го уништува до темел симболот на
зен будизмот и еден од најголемите
споменици на јапонската цивилизација.
Откријте зошто !
Габриел Гарсија Маркез
СЕЌАВАЊЕ НА МОИТЕ ТАЖНИ КУРВИ
Љубовта отсекогаш била најважната тема
во делата на Маркез.
Во овој роман тој ја слави љубовта
на најдуховит начин досега.
Главниот јунак е остарен новинар кој за
својот 90-ти роденден решава да си подари
ноќ исполнета со млада девица.
Но во живописната јавна куќа тој никогаш
не спиел со жена без да í плати.
Се вљубува првпат во својот живот !
Рона Мерцер
АНЏЕЛИНА ЏОЛИ
Убавата, заводливата, холивудска актерка
отворено зборува за своите проблеми
почнувајќи од детството, угледот на палава
девојка, бурните врски со мажите, личните
фантазии, проблемите со здравјето,
нервните напади, депресиите, бисексуалноста...
Дали Анџелина конечно ја најде среќата
во својот живот ?
Откријте и самите !
Оваа книга зборува токму за тоа.
Гијом Мисо
А ПОТОА
Како осумгодишно момче Нејтан,
во обид да спаси едно девојче,
се удавил во езерото. Доживеал
клиничка смрт, и повторно бил
вратен во живот. Притоа тој поминал
низ светлински тунел.
По дваесет години тој станува
успешен адвокат кој заборавил
на настанот од детството.
Нејтан се оженил и открива дека
неговата жена е девојчето од езерото кое...
Сандра Браун
АЛИБИ
Приказна за еден перспективен окружен
јавен обвинител кој започнува да решава
едно мистериозно убиство на еден
локален тајкун.
Но поранешната негова љубовница
и колешка му се испречува на патот,
и му крои заговор.
Сите насоки на истрагата за убиството
водат кон вдовицата на убиениот
која сепак има алиби.
Аманда Квик
АФЕРА
Шарлот има успешна кариера
помагајќи им на жените да не влетаат
во лоши бракови.
Таа го поставува за свој асистент
дотогаш незнајниот Бактер, се заљубува
во него и стануваат љубовници.
Се случило убиство на еден
од клиентите на Шарлот.Таа заедно со
Бактер почнуваат да го истражуваат
убиството, несвесни дека убиецот ги демне.
Агата Кристи
УБИСТВО ВО МЕСОПОТАМИЈА
Херкул Поаро е во Ирак со еден свој
пријател Археолог. Таму добива задача
да го открие убиецот на сопругата на еден
друг познат Археолог.Таа добивала писма
со заканувачка содржина, потпишувани
од нејзиниот прв маж, кој загинал
многу години претходно во несреќа
со патнички воз.
Кој и зошто ја убил госпоѓа Леиднер ?
Откријте и самите.
Гијом Мисо
ЗАТОА ШТО ТЕ ЉУБАМ
Петгодишно девојче мистично исчезнува
во трговски центар во Лос Анџелес.
Нејзините родители потресени
од трагедијата се разијдуваат.
Но по пет години на истото место
се појавува исчезнатото девојче
кое сега ништо не зборува.
Кај било, со кого, зошто се вратило ?
Дебора Родригез
ШКОЛА НА УБАВИНАТА ОД КАБУЛ
Авторката на книгата по падот на
талибанскиот режим во Авганистан,
отпатувала во Кабул во хуманитарна мисија.
Таму отворила школа за убавина,
во која ги учела на современ изглед
тамошните девојки и жени,
Нора Робертс
КРАЕВИ И ПОЧЕТОЦИ
Амбициозна новинарка,
крајно разочарана од љубовта,
се соочува со нејзиниот најголем
ривал исто така новинар.
Се раѓа љубов...
Роџер Фишер, Вилијам Јури
и Брус Пејтон
ДА СЕ ДОЈДЕ ДО "ДА"
ПРЕГОВАРАЊЕ БЕЗ ПОПУШТАЊЕ
Прирачник со кој авторите нудат решенија
за секј вид на конфликти без оглед
дали станува за родители и деца,
соседи, шефови и вработени,
клиенти и компании, дипломати.
Вилијам Јури
ДА СЕ ОДБЕГНЕ "НЕ"
Честопати во животот се соочуваме
со соговорници, соработници
или противници кои упорно
си стојат на своето "НЕ".
Како успешно да преговарате
со тврдоглав шеф, гневен клиент
или лут противник.
Оваа книга нуди решение.
Ден Браун
ЗАГУБЕНИОТ СИМБОЛ
Книга полна со мистика,
со нерешливи гатанки прикажани
низ симболи, таинствен свет, масони, ....
Ронда Бирн
ТАЈНА
Пренесувана била низ столетијата,
многумина копнееле по неа,
многумина ја криеле, исчезнувала,
ја краделе, ја купувале за големи пари...
Многу старата ТАЈНА ја знаеле
големите луѓе во историјата Платон,
Галилео, Бетовен, Едисон,
Тесла, Ајнштајн....
Дознајте ја тајната и вие.
Агата Кристи
УБИСТВО НА ТЕРЕНОТ ЗА ГОЛФ
Еден итен повик, го носи Поаро
во Франција, каде е убиен еден човек
на теренот за голф.
Додека Поаро работи на случајот
и мисли дека го открил убиецот,
се случува второ убиство на ист начин...
Пем Џеноф
СОПРУГАТА НА ДИПЛОМАТОТ
Роман за Марта Недерман,
која успеала да избега од германски
концентрационен логор, засакала еден
американски војник кој загинал
во несреќен случај, па Марта се омажила
за еден британски дипломат.
Но животот и се променува кога дознава
за еден комунистички шпион во
британското разузнавање,
кој може да го открие само
една личност од нејзиното минато.
Катерина Мекмехон
РОЗАТА НА СЕВАСТОПОЛ
Роман за една девојка
која во текот на Кримската војна
во 1854 година, допатувала во Русија,
како доброволец лекар.
И наместо да се врати по војната
во родниот крај таа останала
во Севастопол, на Кримскиот полуостов.
Зошто и како откријте сами,
читајќи ја книгата.
Кликнете врз книгава лево
за да видите краток опис на истата.
Андреј Курпатов
КОНФЛИКТИ И КОМПЛЕКСИ
Книга која го анализира односот
"родители - деца"
За настојувањата на родителите,
за грешките кои ги прават
во воспитувањето на детето,
за психичките конфликти кои
се создаваат кај децата
и за комплексите кои
им се всадуваат и ги носат со себе.
Морин Ли
МАЈКАТА НА ПЕРЛ
Во 1939 год. Ејми и Барни страсно
ќе се вљубат и ќе се земат. Ќе имаат
совршен брак и ќерка Перл.
Со почетокот на Втората светска војна
Барни ќе замине на бојното поле,
а кога ќе се врати, Ејми од непознати причини
ќе го убие и ќе одлежи затвор.
Од затвор излегла во 1971 год. и тогаш
целосно ќе се измени животот
на сега веќе возрасната Перл.
Таа ќе дознае за семејната трагедија...
Тони Парсонс
НОВ ПОЧЕТОК
На Џорџ Бејли, кој е во клиничка смрт,
му пресадуваат срце
од деветнаесетгодишник.
Со тоа тој целосно се изменил
и почнува да се однесува
како да има 19 години, на работа,
дома, со сопругата, со роднините....
Но конечно сваќа, и сака пак да си биди
оној истиот, стариот Џорџ Бејли.
Алекс Беренсон
ВЕРНИОТ ШПИОН
Џон Велс е единствениот агент
на ЦИА кој некогаш влегол во Ал Каеда.
Уште пред нападите во 2001 година,
тој се крие во планините на Пакистан,
чекајќи го својот миг,создавајќи си покритие.
Џон станува член на Ал Каеда,
ја менува верата во Исламска,
и добива задача од Омар Кадри,
за терористичка акција во САД.
Дали ќе ја изврши задачата ?
Џејн Остин
ЛЕЈДИ СУЗАН
Романот претставува своевидна
збирка на писма, од кои се дознава
за љубовта, страста и омразата,
се дознава за секојдневието
и несекојдневните случувања од животот
на главниот лик - Леди Сузан.
Сесили фон Зигисер
ЗНАЕШ ЛИ ДЕКА МЕ САКАШ
Добредојдовте во источниот дел на Њујорк,
свет на озборувањето, гламурот,
љубомората и зависта.
Младешка книга од секојдневието во Њујорк.
Амнда Квик
ОПАСНА ЖЕЛБА
Роман за Лејди Клер, која по смртта
на татко и, вложува крајни напори
за да го сочува семејното наследство,
островот Копнеж.
Притоа таа е киднапирана,
приселена да се омажи со човек
кој не го сака....
Книга за англиски витези,
разбојници, суровост и љубов
Барак Обама
СМЕЛОСТА НА НАДЕЖТА
Книга за политичките ставови
и убедувања на Барак Обама.
Андреј Курпатов
ПРОНАЈДИ СПОКОЈ ВО СВОЈАТА ДУША
Авторот дава дванаесет решенија,
одговори на прашањата
кои секој човек понекогаш си ги поставил.
-Дали треба да се сакаме себеси ?
-Како да се пронајдеш себеси?
-Како да ги избегнеме грешките во животот?
-Како да престанеме да глумиме
и да почнеме вистински да живееме ?
Ричард Зимлер
ПОСЛЕДНИОТ ЛИСАБОНСКИ КАБАЛИСТ
Дејството на романот се случува
во почеток на XVI век, кога во Португалија
трае процес на присилно христијанизирање
на евреите, поради што тие масовно
ја напуштаат земјата.
Убиен е еден угледен евреин,
а неговиот внук истражувајќи го
убиството, ќе ги открие најголемите
тајни на евреите во Поругалија.
Барбара Де Анџелис
СТРАСТ
Се што сте знаеле или не сте
знаеле за СТРАСТА
Џули Моргенстерн
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ОДНАТРЕ
Бизнис прирачник, организер за времето.
Паоло Џордано
ОСАМЕНОСТА НА ПРОСТИТЕ БРОЕВИ
Роман за две посебни приказни
на два осамени ликови
кои се во конфликт со себе и со околината,
но случајно ќе се сретнат и ќе почустввуват
како непарни броеви,
а збирот на два непарни броеви
секогаш е парен број.
Кејт Кариган
РЕЦЕПТИ ЗА СОВРШЕН БРАК
Една млада њујорчанка,
по медениот месец во паника е
и со мисла дека се омажила по грешка
и дека бракот нема да и биде успешен.
Утеха наоѓа во читањето на
бабиниот дневник кој го добила
како подарок за свадбата.
Во него има безброј рецепти
за најразлични јадења,
со посебен мирис и вкус...