Мартин Бернал

ЦРНА  АТЕНА
Афроазиските корени на класичната 
цивилизација, воодушевувачко дело
што го одзема здивот поради 
својата смелост во концепцијата 
и страственото пишување.
Ирвин Д. Јалом

КОГА НИЧЕ ПЛАЧЕШЕ
Задоволство за читање,
како поради интригантните дискусии за 
филозофијата и психотерапијата,
така и поради впечатливото оживување
на необичните личности на Ниче 
и на Бројер.
Листер Колтман

ВИСТИНСКИОТ ФИДЕЛ КАСТРО
Мајсторски насликана  и уверлива, 
нијансирана слика...
Одеднаш јасно ги гледаме 
не само Кастро туку и цела Куба...
Величенствен портрет.
Аравинд Адига

БЕЛИОТ ТИГАР
Индија во нејзината вистинска светлина, 
лишена од секакви романтични претстави. 
Возбудливо шокантен роман.
Пол Блок  и  Роберт Воган

СВИТОКОТ ОД МАСАДА
Една од највозбудливите книги
за вечните библиски тајни...
Харви Мекеј 

КАКО ДА ПЛИВАТЕ СО АЈКУЛИ
Единствена книга на деловната легенда,
што ќе ви покаже како и вие 
да успеете во работата како и тој
Корин Хофман

БЕЛАТА МАСАИ
Овој интернационален роман,
моментално е 
задолжително американско четиво 
за љубителите на авантурите, 
патеписитеи романтичните приказни.
Корин Хофман ја раскажува 
својата животна приказна.
Александар Донски 

ОБЕДИНУВАЊЕТО НА МАКЕДОНИЈА
Со овој најнов роман Донски 
ни порачува : 
Не историјата туку литературата 
има право на вистината. 
Во својата историско политичка 
метафикција 
тој ги преминува границите 
меѓу историјата и фикцијата, 
меѓу сонот и јавето...
Квентин Тарантино

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ
Оскар за најдобро сценарио 
во 1994 година. 
Проверете дали жирито било во право.
Д-р. Марко Китески 

НАЈУБАВИТЕ СВЕТСКИ МИТОВИ
Книгата има за цел на читателот
да му даде основни знаења од 
областа на митологијата 
и да го предизвика неговиот интерес 
за натамошно проширување 
на знаењата од оваа област.
Борис Акунин

ТУРСКИ ГАМБИТ
Ераст Федорин, кој војувал 
како доброволец во 
српско - турската војна, 
сега се вклучува 
и во ослободувањето на Бугарија. 
Негова задача е да го најде шпионот 
кој им нанесува големи загуби на 
Русите. 
Жерар Шалијан и Арно Блин

ИСТОРИЈА НА ТЕРОРИЗМОТ
Живееме во време на тероризам,
а ја занемаруваме неговата историја. 
Насилство, повторување на заканите,
збунетост околу контраударот...
Останува малку простор 
за размислување и анализа. 
Важно е да се разбере 
тероризмот како феномен.
Илдефонсо Фалконес

КАТЕДРАЛАТА НА МОРЕТО
Шпанска инквизиција во XIV век,
сплетки, предавство и одмазда, 
но и љубов, страст 
и безусловно пријателство...
Сето ова е испреплетено 
во оваа неверојатна приказна 
за човекот кој никогаш 
не ги заборавил своите корени.
Карла дел Понте

ОБВИНИТЕЛКА ВО ЛОВ
Сеќавања на Карла дел Понте.
Кој беше казнет, а кој остана неказнет.
Ернесто Сабато

ХЕРОИ И ГРОБОВИ
Ернесто Сабато 
е еден од најголемите и најинтересни 
латиноамерикански писатели. 
Овој роман само ја потврдува 
оваа констатација.
КИКЕРОН 

ФИЛОСОФСКИ РАСПРАВИИ
Арундати Рој

БОГОТ НА МАЛИТЕ НЕШТА
Објавувањето на овој роман 
претставуваше вистинска атракција, 
освојувајќи го првото место на 
листата на најпродавани книги 
ширум светот, 
како и престижната 
Букерова награда.
Себастијан Фолкс

ЃАВОЛОТ НЕ САКА ДА ЧЕКА
Роман за Џејмс Бонд
Умберто Еко

ФУКОВОТО НИШАЛО
Уште едно ремек дело на творецот 
на незаборавниот роман 
" Името на Розата "
Верувајте, ова е незаобиколна книга 
што плени и растревожува.
Стојан Кочов

ЈАМКА
Потресна книга за геноцидот 
спроведуван од  грчката држава 
над  Македонците од 
егејскиот дел на Македонија.
Агата Кристи

МИСТЕРИЈАТА НА СИНИОТ ВОЗ
Ненадминливиот Херкул Поаро 
со својата остра логика
влегува под привидната површина и копа 
за да го пронајде вистинскиот убиец. 
По многубројните заплети, 
луцидната истрага на Поаро 
открива дека тоа бил 
човек во кого не се сомневал.
Владимир Мерге

СОЗДАВАЊЕТО
Човештвото периодично го менува 
своето општествено уредување. 
Тоа се стреми во него да ја најде 
загубената вистина, а наместо тоа, 
човештвото се оддалечува од неа.

Лујза Л. Хеј

ЖИВОТ
Во ова дело Хеј ни го претставува 
досега најпотресното 
и најинспиративното четиво. 
Растењето, односите со луѓето, 
работата, духовноста, 
возрасните години, староста, 
се неговите главни мотивациски јадра.
Не одминувајте го, 
животот треба да се живее... 
и да се чита!
Хелен Гарли Браун

СЕКСОТ И ОФИСОТ
Искрена и провокативна, 
Х.Г Браун уште еднаш 
ќе ги разниша основите 
на вашиот морал и ќе ве натера
 во вчудоневиденост од интигрите, 
умилкувањата, врските, 
подмолните планови 
кои виреат во секој од нас.
Сите права се задржани ЈОУ Градска библиотека "Борка Талески" Прилеп
Ог Мандино

17ПРАВИЛА ЗА ПРАВИЛЕН ЖИВОТ
Во оваа книга за првпат тој го опишува 
преобразувачкиот и спасоносен процес 
во којшто еден алкохоличар успева
да се извлече од пеколот на алкохолот 
и да се вивне во сверите на 
богатството и среќата. 
Аманда Квик

ЛАЖНАТА СВРШЕНИЦА
    На Артур Ланкестер му треба жена. 
Неговите намери се од 
чисто практична причина: 
сака чувствителна и симпатична жена 
која неколку седмици ќе се претставува 
како негова свршеница 
во високото друштво. 
Тој мора да заврши значајни работи 
додека лажната свршеница 
ќе му послужи само како параван...
Џон Гришам

БЕЛАТА КУЌА
    Приказна за едно семејството 
од 50-тите години од минатиот век, 
во Америка, земјата во која 
сите соништа се исполнуваат. 
Можеби, дури и оние на Лук. 
Книга во која се мешаат радоста, 
страдањето, стравовите за сегашноста, 
но и надежите за подобра иднина. 
Чувство за среќа, загуба, смирување. 
Чуство дека конечно, пред да ја зграпчи 
подобрата иднина, живеел во бела, 
варосана куќа.
Енди Ендрјуз

ДАРОВИТЕ НА ПАТНИКОТ
Инзвонредна приказна за човекот 
кој во коматозна состојба по 
преживеана сообраќајна несреќа, 
патува низ времето и низ разговорите 
со седумте историски личности 
ја бара суштината на животот и успехот.


Боб Бург

ОД ПРЕГОВОР ДО ДОГОВОР
Наместо секојдневно да се 
соочувате со луѓето, научете да го 
остварите она што го посакувате 
и да им дозволите на другите 
да се чуствуваат успешни. 
Бург, експертот за меѓучовечки односи, 
ве советува како да победувате без напор, 
дополнително ангажирање и судири.
Дорис Лесинг

ПЕТТОТО ДЕТЕ
Вознемирувачка и експлозивна,реална, 
полна со настани и пресврти 
приказна од секојдневието .
Агата Кристи

МИСТЕРИЈАТА НА СЕДУМТЕ БРОЈЧАНИЦИ
Ова е едно од најпознатите дела на 
Агата Кристи, полно со изненеадувања, 
возбуда, неочекувани пресврти...
Неодложно треба да го прочитате ова дело !

Лилиан Ту

ФЕНГ ШУИ
Оваа книга е детален водич 
за подобрување на меѓучовечките 
односи, здравјето и напредокот. 
Водич кој го применува древното 
кинеско искуство во остварување 
на овие цели.
Антони Де Мело

ПАТОТ НА ЉУБОВТА
Де Мело вели: 
"Само тогаш кога ќе ги гледаме другите 
онакви какви се, ние ќе почнеме 
вистински да губиме"  
Оваа задача воопшто не е лесна. 
Патот на љубовта 
ги дава вистинските одговори.
Џ. Р. Р. Толкин

ХОБИТОТ
Вие што сте подготвени 
да треперите во мракот, 
да се плашите и плачете, 
вие што стравувате од опасноста, 
а сепак се движите кон неа, 
земете ја оваа книга, 
таа е создадена за вас !
Парамханса Јогананда 

КАКО ДА СЕ БИДЕ СЕКОГАШ СРЕЌЕН 
Ако сте изгубиле надеж 
дека некогаш ќе бидете среќни, 
расположете се ! 
Отворете ги портите на смиреноста 
и во себе ќе го откриете 
сонцето на радоста...
Лидија Славеска

МАКЕДОНСКАТА ГЕНЕЗА
Фасцинантен научен труд, 
кој мошне сеопфатно и студиозно 
ја разработува темата 
на македонската етногенеза. 
Секој омој кој што се чуствува 
како Македонец треба да ја 
прочита оваа книга.
Лаура Ескивел

МАЛИНЧЕ
Ова е новиот долгоочекуван 
роман за една од најконтроверзните 
личности од историјата на Мексико, 
Малиналји, прво обожуванатра, 
а потоа набедуваната љубовница 
на Ернан Кортес, која ја имала
улогата на преведувач во односите 
меѓу Шпанците и Ацтеките 
во текот на освојувачките походи , 
за да биде подоцна обвинувана 
со векови дека го предала 
својот народ...
Асука Фуџимори

МИКРОКОСМОС
Приказна за монструозно генијалниот 
Хитоши, вистинска личност, 
најголемиот јапонски криминалец 
кој меѓу 1918 и 1945 година сторил 
ретко сурово злосторство.
Вчудоневидува хуморот 
при прикажувањето на морничавите 
и крвави сцени од масакрот 
на јапонскиот двор.

Сара Дунант

ВО ДРУШТВО НА КУРТИЗАНАТА
Книгата е историски роман за 
ренеснасната куртизана 
Фjамета Банкини и нејзиниот 
пријател и менаџер Бучино Теодолди. 
Помеѓу Бучино и Фјамета 
има чист интерес, заеднички бизнис 
и за чудо одвреме - навреме 
по некоја искра на топло пријателство...
Ребека Милер

ПИПА ЛИ
Пипа Ли има 50 години и се чини 
дека со неа е сé во ред. 
Таа е жена посветена на сопругот,
 30 години постар од неа 
брилијантен издавач, 
горда мајка на успешни близнаци 
и прекрасна и омилена пријателка и 
комшивка...    
Кристофер Најт и Роберт Ломас

НОВООТКРИЕНИ МАСОНСКИ ТАЈНИ
И самите автори на делото 
се Слободни ѕидари. 
Кога тие тргнале во потрага по изворот 
на старите обреди на нивниот ред, 
не очекувале дека притоа ќе се вплеткаат 
во предисториската астрономија 
и развојот на христијанството. 
По 14 години ја објавиле оваа книга. 
Во неа изнесуваат нови докази изведени 
од најновит археолошките откритија 
поврзани со пишувањето во библијата 
и најстарите обичаи во масонските 
редови.
Екарт Тол

НОВА ЗЕМЈА
Нова земја ќе израсне 
со пробудувањето на свеста 
која е неусловувана и ослободена 
од илузијата на човечкото его. 
Човештвото мора да еволуира 
кон таквата свест, или ќе исчезне.

Стивен Р. Ковеј

7-ТЕ НАВИКИ НА УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ
Авторот ги собрал стратегиите 
на сите оние кои се успешни. 
Принципите на визионерство, 
раководење и односи меѓу луѓето 
го направија ова дело  
практичен учебник за бизнисмени.
Ошо

ВНАТРЕШНОТО ПАТУВАЊЕ
    Човековото погрешно учење, 
нé наведе да мислиме дека главата 
е најважниот дел од нашето тело. 
Главата или мозокот, не се најважниот 
центар на животна енергија на човекот.
    Каде се наоѓаат корените на човекот ?
Дороти Кумсон

ЌЕРКАТА НА МОЈАТА 
НАЈДОБРА ПРИЈАТЕЛКА
    Камрин и Адела се најдобри другарки, 
се додека Адела не направила 
нешто незамисливо, спиела 
со свршеникот на Камрин. 
Кога Камрин дознава, Адела ги прекинува 
врките со нив. 
    По неколку години 
Адела дознава дека Камрин е болна од рак 
и нема кој да се грижи за нејзината ќерка. 
Таа побара од Камрин да ја посвои.
Ким Едвардс

ЌЕРКАТА НА ЧУВАРОТ НА СПОМЕНИТЕ
   Оваа инзвонредна, вистинита приказна 
започнува во една зимска ноќ, 
кога вејавицата го принудува младиот 
и успешен лекар сам да ја породи својата 
љубена жена. 
    Се раѓаат близнаци, а потоа 
една избрзана одлука неповолно го менува 
животот на сите јунаци во оваа 
неверојатна повест.
Зеруја Шалев

ЉУБОВЕН ЖИВОТ
    Младата Јара се вљубува 
во пријателот на своите родители.
Таа целосно и се предава на 
еротичноста што ја зрачи тој маж.
Напушта се што создала дотогаш: 
сигурноста, работата, сопругот...
Робин С. Шарма

КАЛУЃЕРОТ 
ШТО ГО ПРОДАДЕ СВОЕТО ФЕРАРИ
    Врвен адвокат кој живее динамичен 
и стресен живот, духовно уништен, 
доживува инфаркт на сред 
преполна судница. 
    Поради тоа решава да го смени 
начинот на живот, па  духовна среќа 
и исполнување наоѓа во 
една стара источна култура...
Колин Фалконер

МОЈАТА УБАВА ШПИОНКА
    Љубовна приказна која ќе ја паметите.
Дејствието се случува во текот на 
Втората светска војна.
    Ник Дејвис е британски шпион 
во Букурешт кој се заљубува во 
Даниела Симоничи. 
    Даниела му е девојка на еден 
германски бизнисмен.
    Но која е Даниела, кого таа вистински 
сака и за кого шпионира ?

Кликни овде и види уште книги !