Омаж за Коле Чашуле (1921-2009)

Со омаж посветен на ликот и делото на нашиот сограѓанин, македонскиот драматург, дипломат и првоборец, Коле Чашуле, градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп, ја одбележува 100 годишнината од неговото раѓање.

Настанот ќе се одржи на денот на неговото заминување, 22 септември во 17:00 ч. на платото пред Библиотеката.

Театрологот, проф. д-р Ана Стојаноска ќе се осврне на неговото творештво, како автор на првата модерна македонска драма „Вејка на ветрот“, како писател – романописец, есеист, новелист со краток осврт на неговите доминантни прозни остварувања, но ќе го лоцира и местото на Прилеп, како главен лик во неговото творештво.