„Париската библиотека“

Романот е поделен на два дела. Во првиот дејството се случува речиси пред еден век во Париз, точно во 1939 година. На младата, убава, амбициоза парижанка Одил Суше се и оди од рака. Ја добива својата работа од соништата во „Американската библиотека“ во Париз. Тогаш почнува љубовна врска со згодниот и либерален полицаец Пол. Тој е вљубен во неа. Ги поддржува нејзините соништа и амбиции. Но, Германија во војната напредува со секавична брзина. Париз е под опсада, преполн со нацистички војници. Се што на Одил и е драго, вклучувајќи ја и „Американската библиотека“ може да исчезне за миг…

Четириесет и четири години потоа, во 1983 година, во малото гратче Монтана, на тинјеџерката Лили ништо не оди од рака. Непопуларна е на училиште, не може да го има момчето што го посакува. За да се биде уште полошо, се разболува и мајка и. Во тие тешки мигови, полека во нејзиниот живот „влегува“ современата, образувана сосетка, со странско потекло. Младата девојка Лили, не ни знае, колку мистеријата и тајните од животот на возрасната сосетка ќе влијаат врз нејзиниот живот, и колку впрочем ќе и го сменат трајно курсот на животот.

Овој роман е интересна и возбудлива приказна, полна со љубов и драма, тажни и среќни човечки судбини. Овој роман е книга за неочекуваните херои и хероини, за тоа колку другите може да ни го сменат животот, за тоа како читателите впрочем можат да го менуваат светот, за да биде секогаш подобро место за живеење.