„Трите керки на Ева“

Современата турска писателка Елиф Шафак во својот роман со наслов „Трите ќерки на Ева“ напишан во манир на мистичниот реализам, низ кој се провлекува историјата, мултикултурализмот, хуманизмот, феминизмот, родовите права и суфизмот, плете повторно приказна меѓу Истокот и Западот. Приказната почнува една истанбулска вечер, кога 35 годишната Пери со својотавтомобил се упатува на луксузна забава со елитата на турската метропола. Во еден миг, бездомник, питач и ја краде чантата, а во битката да ја врати назад, од неа паѓа фотографија, којашто Пери ќе ја врати многу години назад, во нејзината рана младост.

На фотографијата се три студентки со својот професор, реликвија и непребол којшто очајно се обидува да го заборави.

Додека Инстанбул го тресат терористички напада, Пери се враќа во спомените од идиличното детство со мистичниот придружник, и до студентските денови на Оксфорд, кога прв пат го напушта родниот град. Се сеќава на своите две најверни другарки: бунтовната Иранка, Ширин, и религиозната Египќанка, Мона, на нивните конфликти за идентитетот, религијата и феминизмот, но и присуството на харизматичниот професор Азур, чиј контроверзен предмет, ги преобразува животите на студентите.

Како што се стеснува обрачот на тероризмот, Пери е принудена да се соочи со најболниот спомен од детството и најпосле со оксфордскиот скандал што неповратно ги раскинува сите врски меѓу нив…

За романот „Три ќерки на Ева“, „Сандеј тајмс“ со својата книжевна критика ќе запише: „Длабок и незаборавен роман што поврзува различни светови, гледишта и можности.“