„Златниот час“

Авторката Јона Греј во романот „Златниот час“ плете приказна за љубовта, загубата, за врските што не поврзуваат. Романот е една историска сага без граници, која што ги заробува желбите и збунетоста на срцето. Оваа е исклучителна приказна за животот меѓу моќната и неподнослива болка и вистинска љубов.

Главен лик е Селина Ленокс, млада девојка, членка на клубов „Блескави млади луѓе“. Како сите познати личности постојано е во фокусот на јавноста, новинарите ја прогонуваат, но, таа секогаш стои на работ на скандалот, иако животот и е преполн со забави и пијанки. Така се обидува да избегне од стапицата на животот, што и го избираат нејзините родители.

Лоренс Ветон е пак сиромашен сликар, којшто една вечер сосем случајно судбината ќе го доведе во орбитата на Селина. Ќе ја запознае, и никогаш не ќе може да ја напушти, иако е свесен дека припаѓаат на различни општествени класи, а јазот меѓу низ никако не може да се премости.

Романот „Златниот час“ опфаќа две децении, во кои го вклопува и сеизмичкиот потрес на британското општество на прагот од Втората светска војна. Романот е епска приказна за страста, загубата и неизлечивата болка во срцето.