„Сјаење“

За вљубениците во хорор приказните, овој пат ви го презентираме романот со наслов „Сјаење“ чиј автор е Стивен Кинг. Овој современ хорор роман презентира еден прониклив влез во интимата на едно необично семејство, во мрачните ходници на душата и човечките слабости. Талентираниот автор Кинг според книжевната критика, овој пат блескаво ги ваја ликовите и настаните, токму затоа според романот е снимен еден од најдобрите хорор филмовите во кинематографијата.

Главни ликови во романот се: Џек Торенс, неговата сопруга Венди и синот Дени. Тие се вселуваат во хотелот „Видиковец“ затоа што Џек добива можност да работи како чувар на хотелот во зимскиот период. Семејството е неколку месеци отсечено од цивилизацијата. А, Џек во овој период се обидува да се избори и со зависноста од алкохол и напади на бес, додека ја пишува својата театарска претстава.

Но, силите на мракот, на темнината што престојуваат во хотелот „Видиковец“, којшто пак го следи една долга историја на насилства, сакаат да го земат Дени, поради неговите силни прекогнитивни способности и да се послужат со слабостите на Џек за да го зграпчат момчето.

Хорор-романот „Сјаење“ за прв пат е објавен во 1977 година. А, само три години потоа,според романот е изработено филмско сценарио во режија на Стенли Кјубик, а со Џек Николсон во главната улога.

Овој филм се вбројува меѓу најдобрите на сите времиња. Подоцна, во 1997 година истиот е адаптиран и во мини телевизиска серија.