„Што знае ветерот“

Ен Галахер растела воодушевена и маѓепсана од приказните на нејзиниот дедо, лоцирани во Ирска. Но, сега скршена поради неговата смрт, таа заминува во неговиот дом, во домот од нејзиното детство за да ја истури неговата пепел, токму таму. Но, совладана од споменот од човекот што го обожавала и проголтана од една историја, што никогаш не ја знаела, таа патува во едно друго време.

Меѓутоа, во Ирска во 1921 година се опасни времиња, државата е на раб на војна. Ен се буди токму таму, во тоа опасно време повредена и дезориентирана. За неа грижи доктор Томас Смит, старател на едно младо момче кое за чудо и е познато од некаде. Кога ја помешуваат со одамна исчезнатата мајка на момчето, Ен го присвојува нејзиниот идентитет, убедена дека исчезнувањето на жената е некако поврзано со нејзиното.

Кога тензијата ќе порасне, Томас се приклучува на ирскиот отпор за независност, а и Ен се вмешува во конфликт покрај него. Распната помеѓу историјата и своето срце, таа мора да одлучи дали е подготвена да се откаже од својот стар живот за нов живот со љубов каква што мислела дека никогаш нема да пронајде. Но, на крајот, не се знае дали тој избор воопшто е во нејзини раце.