„Бегај“

Романот „Бегај“ од Харлан Кобен е приказна за една девојка која што се бори со зависност од дрога и со момче коешто физички ја малтретира.

Таа бега од својата реалност, мислејќи дека ќе се спаси од проблемите.

Потоа сосем случајно ќе биде забележана како настапува како уличен изведувач во њујоршкиот Центар Парк.

Но, оваа веќе не е девојката, која ја паметат пред тоа. Оваа жена сега е целосно изгубена, исплашена и очајна поради неволјите со кои се соочува.
Таа повторно бега… Какви перипетии следат натаму, ќе откриење во оваа возбудлива приказна, која е во редот на најчитаните светски бестселери.

Американскиот автор Кобен е во редот на читаните автори, чии што дела се преведувани
на 43 јазици ширум светот, а продавани во дсетици држави. Кобен денес живее во Њу Џерси