„Холандска куќа“

Дејството во романот „Холандска куќа“ чиј автор е Ен Пачет, се случува на крајот од Втората светска војна.

Тоа е период кога Сирил Конрој ќе создаде огромна империја, зашто среќата ќе биде на негова страна, кога ќе реализира една мудра инвестиција. Своето семејство благодарени на оваа инвестиција, ќе го изведе надвор од сиромаштијата и ќе влезе во редот на екстремно богатите.

Неговиот прв деловен потег е купување на холандска куќа, еден раскошен имот во предградие на Филаделфија. Предвидена како изненадување за неговата сопруга, куќата станува причина да ги изгуби сите што ги сакал. Приказната е раскажана од синот на Сирил, Дени, додека тој и неговата сестра Мев се избркани од куќата во која пораснале со нивната маќеа. Од состојба на богатство повторно се враќаат во сиромаштија, од која излегле нивните родители и откриваат дека можат да сметаат само еден на друг. Градат цврста врска што ќе им ги спаси нивните животи и ќе ја исцрта нивната иднина.

Раскажан во временски период од пет децении, романот „Холандска куќа“ е мрачна бајка за двајца паметни луѓе кои не можат да го надминат минатото. И покрај секој проблесок на успех, тие со доза на хумор и гнев, се враќаат на добро чуваната приказна за она што го изгубиле. Кога најпосле се присилени да се соочат со луѓето кои ги оставиле, врската помеѓу попустливиот брат и неговата заштитнички настроена сестра е конечно тестирана.