slide 2 - Библиотеката „Борка Талески“ од понеделник продолжува со работа

Библиотеката „Борка Талески“ од понеделник продолжува со работа

Почитувани читатели,

Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп со нов протокол, од понеделник 06.07.2020 година, продолжува со редовна работа, по прекинот како последица на пандемијата „Ковид-19“.

Драги наши читатели, бидејќи превентивата од болеста во овој момент, на сите ни е приоритет, Библиотеката почнува со нов начин на работа.

Така што упатуваме молба секој од вас, којшто сака да не посети, да ја врати земената, и зајми нова книга, ќе треба да не извести со порака на Фан страницата на Фејсбук, или на мејл: gb.btaleski@t.mk или на телефонските линии: 048/42 00 66; 048/42 43 44 .

Откако ќе ви го потврдиме терминот, ќе може да не посетите.

Во очекување на нашата средба, ви посакуваме пријатен викенд!

Со почит!