120038283 2773691596284444 3159797127186176679 n - „Прашки ракописи“ од Ристо Лазаров -едиција во издание на „Везилка2011“

„Прашки ракописи“ од Ристо Лазаров -едиција во издание на „Везилка2011“

AUG 19, 2020, 9

Издаваштвото ,,Везилка2011“ го заокружи издавањето на едицијата ,,Прашки ракописи“, чиј покренувач и автор е македонскиот поет Ристо Лазаров.

19601498 1861486577504955 7944004394310505298 n - „Прашки ракописи“ од Ристо Лазаров -едиција во издание на „Везилка2011“
авторот Ристо Лазаров

Последни наслови во едицијата која содржи десет книги се: ,,Јесенска – име на љубовта и слободата“, ,,Сајферт – нобеловецот од прашкиот Монмартр“ и ,,Кундера – неподносливата леснотија на посторето“.

За текстовите на Јесенска се вели дека уште се актуелни: духот од тоа време како да дошетал до денешни дни, без намера тука да застане; за Сајферт, пак, се посочува пораката од пораката при доделувањето на Нобеловата награда: светот не го бива без малите земји, како што е светската поезија не ја бива без поетите од малите земји.

Од животот на Кундераат редовите на една еазгледница што тој ѝ ги напишал на една колешка: “Оптимизмот е опиум за народот. Здравата атмосфера заудира на глупост. Да живее Троцки!“ поради што го избркуваат од факултетот и партијата и завршува на принудна работа во рудник.

Во едицијата ,,Прашки ракописи“ е објaвени и насловите: ,,Цветаева во Прага“, ,,Незгасливи чешки пламени“, ,,Главата на Кафка“, ,,Процесот Слански и други чешки судбини“, ,,Храбал – тажниот крал на чешката книжевност“, ,,Хашек – Добриот војник Швејк“ и ,,Чашек – книжевна легенда“. Колекции од ,,Прашките ракописи“ авторот ќе подари на Народната библиотека во Прага, како и на Чешкиот ПЕН.