Книга и во викенд

Со цел да излеземе пресрет на сите читатели да дојдат до бараната литература, од овој викенд, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп, ќе биде отворена и секоја сабота, од 7 до 12 часот.

Напоменуваме дека членарината во овој период од 2 октомври до 2 ноември е намалена по повод месецот на книгата и во знак на одбележување на 75 годишнината од основањето на установата.

Така што членарината во одделот за деца на годишно ниво изнесува симболични 100 денари, додека во одделот за возрасни 150 денари.