„Сто словенски романи“ од Љубљана допатуваа во Библиотеката во Прилеп

Петнаесет книги на македонски јазик, дел од проектот „Сто словенски романи“ публикувани со финансиска поддршка на Форумот на словенски култури со седиште во Љубљана, ја збогатија книжевната понуда на библиотеката во Прилеп. Одлуката оваа донација да допатува во нашата установа е од македонскиот издавач „Слово“, којшто подолг период соработува со Форумот.

-Форумот на словенските култури е во комуникација и координација со Министерството за култура на Република Северна Македонија и издавачот „Слово“, којшто е реализатор на проектот „100 словенски романи“. Романите се донираат во 10 библиотеки, една од нив е библиотеката во Прилеп, истакнуваат од издавачката куќа „Слово“ во дописот за донацијата.

133032740 3990664284291001 195132012475453138 n - „Сто словенски романи“ од Љубљана допатуваа во Библиотеката во Прилеп
Форумот за словенските култури донираше „Сто словенски романи“ за Македонија. Една донација од 15 книги преку издавачката куќа „Слово“ се на располагање на читателите во Прилеп.

Од проектот „Сто словенски романи“ во Македонија досега се објавени: Донесена од маглата, во издание на „Макавеј“- Скопје,Руски прозорец, во издание на „Слово“ – Скопје, 2009,Турски гамбит, во издание на „Макавеј“ – Скопје, потоа Лагум, Посакување за потсмев, Животот на инсектите,Волчи ноќи, Проштален подарок,Првото второ доаѓање, Накитот на мадона, Патник, Дневникот на еден апатрид, Црнотурци и Raptus, сите во издание на „Слово“, потоа романот КОМО издаден од „Македонска реч“ – Скопје.

133331818 3990664090957687 1870261457685677410 n 1 rotated - „Сто словенски романи“ од Љубљана допатуваа во Библиотеката во Прилеп
Избор дела – Прекрасна донација

Се заблагодаруваме на Форумот на словенски култури и издавачката куќа Слово за оваа донација, а воедно ги покануваме нашите читатели и овие романи дастанат нивни лектири.