Ученичката Софија Оџаклиеска од ООУ „Кире Гаврилоски“ е најдобриот рецитатор

Ученичката Софија Оџаклиеска од 8 одделение во ООУ „Кире Гаврилоски“- Јане од Прилеп, го освои првото место на годинешниот конкурс за најдобра рецитација што го распиша ЈОУ ГБ „Борка Талески“ на подрачјето на општината.

Учениците испратија видео клипови, дел од нив лично на мејлот на библиотеката, дел преку своите училишта, што пак говори за интересот на оваа традиционална манифестација.

Според оценувачката комисија во состав: Магда Василеска – виша библиотекарка и претседателка и двете членки, Еленче Ташковска – самостојна библиотекарска помошничка и Габриела Николоска – историчарка на уметност од доставените 10, пет рецитатори влегуваат во потеснио избор на најдобрите.

-Комисијата ги преслуша пристигнатите клипови, направи избор и одлучи да ги награди следните кандидати кои покрај општите критериуми ни оставија најдобар впечаток со својот емоционален и уметнички израз:

Првото место и припадна на Софија Оџаклиеска, ученичка во 8 одделение во ООУ„Кире Гаврилоски – Јане“ . Нејзина менторка е наставничката Сузана Николоска. 

Второто место го делат две ученички од ООУ „Гоце Делчев“. Нивна менторка е наставничката Билјана Јагуриноска. Марија Котева ученичка во 8 одделение и Евгенија Димитиоска, ученичка во 7 одделение.

И третото место го делат двајца ученици. Исидора Николоска е ученичка во ООУ „Добре Јованоски, а нејзина менторка е наставничката Јагода Волческа. И ученикот од 9 одделение во ООУ „Кочо Рацин“, Талијан Ѕвончар кој работел под менсторство на наставничката Габриела Стојаноска – Станоеска.

Им честитаме на наградените, посакувајќи им уште многу успеси во иднина! Им благодариме на соработката на сите ученици!Благодариме и на менторите за нивната посветеност и поддршка на нашите активности!

Најубави желби за новогодишните празници и покана за учество на следните манифестации на библиотеката!