се најдобрите краснописи на основците за 2020 - Ученичката Андреа Андрееска од ООУ „Блаже Конески“ има најдобар краснопис

Ученичката Андреа Андрееска од ООУ „Блаже Конески“ има најдобар краснопис

Андреа Андрееска, ученичка во 4-то одделение во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп го освои првото место на Конкурсот за најдобар краснопис, што втора година по ред го распишува ЈОУ ГБ „Борка Талески“. Второто место ѝ припадна на Ана Марија Паризоска, ученичка во 4 одделение, во ООУ „Рампо Левката“, а третото место го освои нејзиниот врсник, ученикот Ангел Мошков од ООУ „Кочо Рацин“.

Вака одлучи Комисијата за избор на најдобар краснопис во состав: д-р Наде Караџоска – библиотекарска советничка како претседател и двете членки, Кети Стевананџија и Ангелка Баракоска, наставнички по Македонски јазик и литература.

На конкурсот учествуваа 36 ученици од скоро сите основни училишта во градот. Им благодариме на сите за учеството. На најдобрите краснопишувачи им честитаме! Честитки и благодарност и на менторите за нивната посветеност и поддршка на нашите активности, со заедничка цел, што поголем поттик на учениците за креативна работа!

Среќни празници на сите! Во новата година, ќе се видиме на еден заеднички настан, на којшто ќе бидат врачени наградите на најдобрите!

- Ученичката Андреа Андрееска од ООУ „Блаже Конески“ има најдобар краснопис