Ученичката Теодора Ѓорѓиеска од ООУ „Гоце Делчев“ е најдобриот автор за 2020

„Како ќе се прослави денот“ е првонаградената лична творба од младата авторка, ученичката Теодора Ѓеорѓиеска од ООУ „Гоце Делчев“. Според Комисијата второнаградена е песната „Која сум јас“, на ученичката Лаура Кајџаноска од ООУ „Климент Охридски“, а на трето место е рангирана личната творба „Биди среќна“ на ученикот Стефан Тасески од ООУ „Гоце Делчев“. Според оценките на Комисијата што ја сочинуваат тројца членови, претседателката д-р Наде Караџоска, библиотекарска советничка од ЈОУ ГБ „Борка Талески“ и двајца професори по предметот Македонски јазик и литература, Емона Јованоски и Љупчо Петрески, учениците од општината навистина имаат многу творечки потенцијал. Испратените 37лични творби од 34 ученици говорат за интересот што го предизвика конкурсот кај учениците и нивните ментори. Градска библиотека „Борка Талески – Прилеп, им честита на сите најдобро рангирани ученици, но и на сите учесници во конкурсот заблагодарувајќи им се учеството. Честитки и до менторите на учениците