Утре одбележуваме 79 години од смртта на Борка Талески и 100 од раѓањето на Коле Чашуле


ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп, утре достоинствено и скромно ќе чествува: 79 години од херојската смрт на Борка Талески и 100 години од раѓањето на македонскиот драматург, романописец, револуционер и првоборец, политичар и дипломат, Коле Чашуле. Двајца наши истакнати сограѓани.

По тој повод ја објавуваме агендата за одбележувањата со строго почитување на заштитните мерки од „ковид-19“:
10:00 часот Полагање свежи цвеќиња пред споменикот во месноста „Чашка“,во чија близина во 1942 година, загинаа народните херои Борка Талески и Лазо Филиповски- Лавски;  
10:30 часот Полагање свежи цвеќиња пред бистата на Борка Талески во Алејата на народните херои и на Могилата на непобедените;
11:00 часот Полагање свежи цвеќиња пред бистата на Борка Талески во просториите на библиотеката;


12:00 часот (голема сала на библиотеката)-реферат посветен на ликот и делото на Борка Талески-реферат посветен на ликот и делото на Коле Чашуле 
-Доделување на награди и благодарници на „Најредовни читатели на 2020“:Марија Ацеска, ученичка од 6 одд. во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ Афродита Дамкоска – фотограф во фото студио „Лозиго“

12: 15 часот доделување награди и благодарници на ученици од конкурсот за „Најдобар краснопис“Прво место Андреа Андрееска – ООУ „Блаже Конески“-ментор Габриела СтевананџијаВторо место Ана Марија Паризоска ООУ „Рампо Левката“ – ментор Весна ЦапескаТрето место Ангел Мошков  ООУ „Кочо Рацин“ (нема ментор- самоиницијативно учествувал на конкурсот)

12:30 часот Доделување награди на учениците од конкурсот за „Најдобар рецитатор“Прво место Софија Оџаклиеска ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ – ментор Сузана НиколоскаВторо место Исидора Николоска ООУ „Добре Јованоски“ – ментор Јагода ВолческаТрето место Талијан Ѕвончар ООУ „Кочо Рацин“ – ментор Габриела Стојаноска Станоеска

12.45 часот Доделување награди на учениците од конкурсот за „Најдобра лична творба“Прво место Теодора Георгиеска ООУ „Гоце Делчев“ – ментор Весна КрстескаВторо место Лаура Кајџаноска  ООУ „Климент Охридски“ ментор Јулијана ТалескаТрето место Стефан Тасески ООУ „Гоце Делчев“  (нема ментор)

Со цел целосна примена на заштитните антиковид мерки, на настаните присуствуваат само поканетите учесници.