Честит да е Меѓународниот ден на Жената

Автор: Магда Василеска – виш библиотекар

            8 Март е Меѓународен ден на жената. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените, за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

            Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа инсистираше социјалистичкото движење.

            Празникот 8-ми Март за прв пат е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.

            Во 1910 година под закрила на Втората Интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

            Следната година на 19 март 1911 година, овој празник прв пат е прославен од повеќе милиони луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

            Во 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

            По победата на Болшевиците во Русија, по иницијатива на Александра Колонтај, 8-ми Март за прв пат е прогласен за државен празник.

            Со одлука на Обединетите нации од 1975 година, 8-ми Март беше прогласен за Меѓународен ден на жената.

            Денес 8-ми Март е државен празник во малку земји, како Русија, Белорусија, Молдавија, Ерменија, Монголија и др.

            И нашата земја е една од ретките, во која се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има симболичен статус и нема политички конотации.

Фотографијата: ОН Yihui Yuan