Воспоставена соработка со НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип

Библиотеката „Борка Талески“ денеска потпиша Меморандум за соработка со НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип. Целата на овој меморандум е реализација на повеќе проекти коишто се договорени на денешната средба на директорите од двете установи, Моника Талеска и Горан Трајков. На оваа средба беа разменети повеќе публикации, монографии, списанија, во продукција на двете установи.

По повод 75 годишнината од основањето и успешното функционирање на установата, а во рамки на бројните активности, планирани се промоции, чествувања и одбележувања во текот на двата летни месеца: јули и август.

188509244 4403834439640648 1611016199264983719 n 1 1024x680 - Воспоставена соработка со НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип
Моника Талеска ( директор на ЈОУ ГБ „Борка Талески), Горан Трајков (директор на НУЦК „Ацо Шопов“), Трајче Кацаров (уметнички директор во НУЦК -Штип), Иван Бојаџиски (новинар и публицист)

-Ке гостуваме во Штип со наши проекти. Целта ни е да ја промораме нашата повеќе дениска работа, пред читачката публика, но и пред љубителите на културата воопшто. Избор литература од нашата издавачка дејност, од раритетната поставка, што како особеност на установата се негува и збогатува повеќе децении ќе бидат дел од проектите. Планираме посебно вечер посветена на старите занаети и еснафите од Прилеп. Монографијата ‘Старите занаети од Прилеп“, и мултимедијалната поставка со фотографии и реквизити од последните прилепски занаетчии ќе бидат промовирани и пред штипската културна јавност. Оваа вечер посветена на прилепските еснафи, обичаи, традиција, кои што се душата на старата прилепска чаршија, ќе биде заокружена со дополнителни активности, вели директорката Моника Талеска.

188305509 4403834432973982 5235746018451256478 n 1024x680 - Воспоставена соработка со НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип
Моника Талеска, Горан Трајков, Петар Петрески (писател и публицист, адм.советник ГБ „Борка Талески“), Трајче Кацаров

Според директорот на центарот за култура во Штип, Горан Трајков во Прилеп, во рамки на оваа воспоставена соработка ќе бидат презентирани повеќе проекти, коишто ќе значат промоција на богатата културна понуда на домот и во време на пандемија.

-Ќе гостуваме во Прилеп, ќе промовираме наши дела, реализирани проекти. Целта ни е заедничка на јавноста да и презентираме што повеќе проекти, на јавноста, да ја збогатиме културната понуда и во време на пандемија. Институциите од областа на културата, творат, создаваат, ја збогатуваат културната понуда континуирано, истакна директорот Трајков.

Уметничкиот директор на центарот за култура во Штип, познатиот автор, Трајче Кацаров, дефинираше квалитетни содржини кои ќе го промовираат Штип во Прилеп.

187564311 4403834336307325 2340326875915467610 n 1024x680 - Воспоставена соработка со НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип
Новинарот Бојџиски, подарува свои дела на Талеска, како репрезент на Библиотеката во Прилеп

Културата е базата на секое општество. А, соработката почит за создаденото и темел за ново творештво. Затоа во рамките на оваа посета, на покана на градската библиотека, договорено е искусниот, долгогодишен новинар, Иван Бојаџиски, да беседи за животот и делото на својот колега Тачко Локвенец, којшто годинава го загуби својот животот, како последица од Ковид-19. Библиотеката во текот на летниот период, ќе посвети вечер за творештвото на Локвенец, македонски исклучителен новинар, интелектуалец, граѓанин на Прилеп, вреден за секоја почит.

Возвратно колегата Бојаџиски на прилепската библиотека и подари дел од своите дела: книги, изданија на весници. Неговите дела, ќе бидат ставени во книжната понуда на библиотеката во Прилеп.