Библиотеката „Борка Талески“ утре со свои избрани поставки од книги и фотографии ќе гостува во Штип

ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп на 3, јули, 2021 година (утре) со свои поставки од раритетна литература и избор изданија од сопствената продукција, а во рамките на манифестацијата „Штипско културно лето“ ќе гостува во Штип. Во центарот за култура „Ацо Шопов“ со почеток во 11 : 00 часот ќе биде промовирана трајната поставка на фотографии од 36 прилепски занаетчии, репрезенти на прилепскиот еснаф, којшто пулсира и е душата на старата прилепска чаршија. При тоа пред штипската културна јавност ќе биде презентирана книгата „Старите прилепски занаети“, современо, и едно од најновите изданија коешто ја третира темата за опстојот на прилепскиот еснаф.

ХРОНИКА БЕЛГРАД 1945 - Библиотеката „Борка Талески“ утре со свои избрани поставки од книги и фотографии ќе гостува во Штип
Травничка хроника, Белград, 1945 год

Во вториот дел од настанот, ќе бидат промовирани две други поставки од библиотеката. Првата е избор на раритетна литература, книги, коишто и според содржината и според годината на издавање претставуваат особеност и реткост во книжниот фонд не само во установата, ами и пошироко во државата. Исто така ќе биде презентирана и богатата поставка од сопствената издавачка дејност на установата, која од основањето до денес брои 40-ина дела од разни области.

209955180 10220003777670155 5909704671733335718 n - Библиотеката „Борка Талески“ утре со свои избрани поставки од книги и фотографии ќе гостува во Штип
Фамилијарна библија – Канада, 1879 год

Ова гостување на библиотеката е во рамките на воспоставената соработка со штипскиот центар за култура, за што неодамна е потпишан и Меморандум меѓу директорите на двете институции од културата, кои што имаат значајна улога во градење на културните вредности и негување на културните придобивки во градот под Маркови Кули и градот под Исарот.

ХАЏИ ВАСИЉЕВИЌ - Библиотеката „Борка Талески“ утре со свои избрани поставки од книги и фотографии ќе гостува во Штип
Прилеп и неговата околина, Белград, 1902 год
4 1 690x1024 - Библиотеката „Борка Талески“ утре со свои избрани поставки од книги и фотографии ќе гостува во Штип
Сеќавање за народниот херој, Борка Талески Модерното, Прилеп, 2015 годин

Овој е еден од настаните со коишто библиотеката го чествува својот јубилеј 75 години од основањето, во година кога се одбележува 100 годишнината од раѓањето на својот патрон, народниот херој Борка Талески (1921-1942).