Врз основа на член 76 – Ѓ2, член 77-а став 1 алинеја 1, член 77-б, член 77-в, став 1, член 77-г и член 77 –д од Законот за клутура(Сл. Весник од бр.31/98 до бр.11/18 и Одлука на Уставен суд на РМ, У.бр,196/2007, објавена во Сл. Весник на РМ, бр.15/2008), Годишниот план за вработување на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп за 2021г. бр.03-212/1 од 31.08.2020 година, одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2021 година од Совет на Општина Прилеп, бр. 09-2621/11 од 22.10.2020 година, позитивно мислење од МИОА бр.09-124/2 од 11.01.2021 година, согласноста од Министерство за култура на годишниот план за вработување за 2021 година, бр.29-9881/2 од 30.10.2020 година, како и известувањето за обезбедени финансиски средства од страна на Министерството за финансии,бр.18-5442/2 од 25.06.2021 година, директорот на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп на ден 30.06.2021 година го објавува следниот
ЈАВЕН ОГЛАС
За вработување на библиотекарски помошник на неопределено време – 1 (еден) извршител
ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“Прилеп има потреба од вработување на давател на услуги во културата во сектор за стручна обработка, заштита, чување и издавање на книжен фонд – одделение за деца и возрасни и чување на книжен фонд и тоа:
- Библиотекарски помошник, шифра КУЛ 03 04 Ѓ02 005. еден извршител;
- За пополнување на работното место кандидатот треба да ги исполнува следните посебни услови:
- Вид на образование: Вишо образование, средно образование – гимназија / економско, високо образование со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС;
- Работно искуство: без работно искуство;
За работното место под реден број 1, распоредот на работното време и паричниот износ на основната нето плата изнесува: за неопределено време со полно работно време (40 часа неделно, од 07:00 до 15:00 и од 12:00 до 20:00 часот);
Нето платата без минат труд изнесува: 23.592,00 денари
- Кандидатот за работното место под број 1 треба да ги исполнува следните општи услови:
- Да е полнолетен;
- Да е државјанин на Р. Северна Македонија;
- Да има општа здравствена состојба за работното место и
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Пријавата за вработување посебно содржи:
- Податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон
- Кратка биографија
- Изјава за исполнување на општите услови за работното место
- Изјава за исполнување на посебните услови за работното место
- Кандидатите кон пријавата треба да приложат во иригинал или заверена копија на нотар и:
- Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);
- Доказ за завршен соодветен степен на образование;
- Потврда дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци);
- Лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци);
- Јавниот оглас трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето во дневниот печат
Постапката на селекција за вработување се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас и интервју.
Кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази имаат право да продолжат на интервју.
Во рок од три дена комисијата за вработување подготвува и до директорот на јавната установа доставува предлог кандидат.
- Пријавите со потребните документи да се достават до архивата на Библиотеката или на адреса: ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп, „Булевар Гоце Делчев“ бр. 18/2, 7500 Прилеп.
Напомена: Некомплетни или ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат
- Изборот ќе се изврши во рок од 5 работни дена по добиениот предлог од Комисијата за вработување, согласно законот за култура и правните акти на Установата.
Доставено до:
- Архива
- Агенција за вработување
д и р е к т о р
Моника Талеска
изготвил: П. Петрески