235801138 4642273282463428 847780901773097277 n - Исидора Мун пристига во нашата Библиотека

Исидора Мун пристига во нашата Библиотека

Драги наши млади читатели,Време е да ја запознаете Исидора Мун! Ние ја обожуваме!Еве неколку причини зошто и вие треба да ѕирнете во нејзините авантури:1. Малата Исидора Мун е необично девојче, со многу способности како дете на мајка самовила и татко вампир!2. Нејзината омилена играчка – розевото зајаче ќе го оживее со магија!3. Исидора умее да пие чај со сирена!4. Исидора оди на кампување, на екскурзија, на балет, слави роденден, но, запаѓа и во неволја!…Англиската писателка, Хариет Мункастер е автор на најновата едиција, детска литература, која што ги освои срцата на младите читатели ширум светот. И вие патувајте и уживајте со авантурите на прекрасното девојче, Исидора Мун. Приказните со одлично дизајнирани корици, во црно-бели и лилави тонови, под кои се отвора светот на магијата и тајните на авантурите на ова девојче, нека бидат и ваша омилена, незадолжителна лектира!

234734040 4642273429130080 145177639090645398 n 765x1024 - Исидора Мун пристига во нашата Библиотека