Клубот на литературни творци од Прилеп во соработка со ЈОУ Градска библиотека – Прилеп на 21 август организира промоција на дела од авторката Мирјанка Ристеска Селчанец. На платото пред библиотеката од 17 часот со примена на анти ковид мерки, ќе се одржи овој културен настан. По тој повод почитувани љубители на пишаниот збор, повелете!