Зајмување на книги и библиотечен материјал

  Основната дејност на Библиотеката е да набавува, стручно и по најнови меѓународни стандарди да обработува и според утврдени критериуми да им дава на корисниците на користење библиотечен материјал – монографски и периодични публикации  во одделите за  возрасни  и деца,  како и во реонските библиотеки во населбата Варош и с.Тополчани.

  Бараните книги и материјали од библиотеката може да се пребаруваат во библиотечната картотека или преку електронскиот систем на „Виртуелна библиотека на Македонија“.

  Книги се издаваат секој работен ден од 07:00 до 19:00 часот

  Енциклопедиите, лексиконите, материјалите од раритетната збирка, дневниот печат, Службениот весник како и книгите од кои библиотеката поседува само по еден примерок не се издаваат за читање и користење надвор од просториите на библиотеката.

  Од библиотеката книги може да изнајмуваат само членовите на библиотеката.

  Зачленувањето во библиотеката се врши во просториите на библиотеката.

  Членарината во библиотеката трае една година од денот на зачленувањето и истата изнесува:

  Оддел за деца          200 денари

  Оддел за возрасни    250 денари

  Двапати годишно, по повод патрониот празник и по повод месецот на книгата библиотеката ја намалува членарината.

  Во интерес на своите членови, библиотеката соработува со сродни библиотеки со кои се практикува меѓубиблиотечно зајмување, така што, доколку некој член на библиотеката бара некоја ретка или стручна литература која ја нема во нашата библиотека, истата може да се позајми на користење од некоја од сродните библиотеки.

   Во библиотеката членовите можат да читаат или да користат дневен печат и „Службен весник на РМ“.