Промоција „Со знаење до знаење-искуство од пракса“

Промоција на книгата „Со знаење до знаење – искуства од пракса“ чиј автор е Мичо Јачев.
Промотори на делото се:
Миле Грданоски
Слободан Беличански

„Како преку знаењето да се справиме со технолошките промени кои се одвиваат со досега невидено забрзување? Одговорот ќе го најдеме во оваа инспиративна книга од автор со големо теоретско и практично познавање во развојот и унапредувањето на информационите системи во производствените организации. Книга која нè тера на размислување за иднината од денешен дискурс. Професионална „автобиографија“ на авторот од Баница во Егејска Македонија, преку Скопје, студии на воздухопловно машинство во Белград, долгогодишна работа во Сараево со искуство пренесувано за потребите на многу организации во некогашната СФРЈ, пак во Скопје, па Марибор и Љубљана, сè до Виена.

Напредокот не би бил можен без промени. А промените создаваат проблеми, вели авторот. И како да ги решаваме нив со помош на знаењето како производ кој се бара и се нуди на пазарот? За стравот од промените и како да се создаде амбиент за промени? Има ли застарената парадигма „знаењето е сила-знаењето е моќ“ и негативна страна? Да ли нашите раководни луѓе ги препознаа промените кои веќе настанаа? Што се случи со успешно изведениот проект за модернизација на Информациониот систем од страна на авторот и неговите соработници во Тутунски комбинат Прилеп …?“ – вели Грданоски, еден од промоторите на делото.

Доколку сте фан на вакви дела, повелете на промоцијата на делото во Прилеп