Библиотеката „Борка Талески“ ја одбележа 120 годишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност, нашиот сограѓанин Стале Попов (1902-1965) со:

-Осврт на проф д-р Наташа Аврамовска, директор на Институтот за македонска литература -Скопје, на тема: „Стале Попов, фолклорот, усноста и драмата во писмото на македонската литература“.
-Перформанси на актерите: Марија Спиркоска Илиеска, Игор Трпчески и Андон Јованоски со интерпретaции и адаптации на извадоци од делата на Стале Попов.
-Обраќање на градоначалникот Борче Јовчески со јасна порака: „Да го чуваме, негуваме и штитиме македонскиот јазик, книжевност и култура“.
Настанот го модерираше Моника Талеска, директор на Библиотеката „Борка Талески“, која што ја презентираше и книжната понуда на делата од Стале Попов наменети и за стручната јавност и за читачката публика.