Посета на ученици

Ученици од 5-то одделение од ООУ „Кочо Рацин“ -Прилеп денеска ни беа гости. Во пресрет на најголемиот национален празник „11 Октомври“, со нив разговаравме за значањето на празникот, за придонесот на нашите сограѓани: Марко Цепенков, Блаже Конески, Круме Кепески … чии дела го красат Роднокрајниот оддели, а кои се втемелувачи на македонскиот јазик.

Библиотекарките ги пречекаа со радост, спремност да се одговори на нивната љубопитност, а во врска со литературата што може да се издава во детскиот оддел. Исто така беа прочитани извадоци од дела кои се дел од наставната програма по македонски јазик.

Во присуство на своите наставници, учениците се запознаа со библиотечниот оддел наменет за деца и со роднокрајниот оддел, каде што се чуваат, збогатуваат и издаваат делата на прилепските автори и авторите кои пишувале и пишуваат за Прилеп.

Учениците внесоа радост во установата и овој претпразничен ден за сите беше поубав, повесел!

Учениците беа известени за можноста за групен упис преку училиштата, при што цената за годишна членарина изнесува само 100 денари.
На крај на средбата си го честитавме празникот со најава дека вратите на установата за сите ученици се секогаш ширум отворени.

Учениците се нашата иднина! Нашата најверна читачка публика!

Честит празник на сите!