Гости од Народна библиотека „Стефан Првовенчани“ од Кралево

Почитуваната колешка, Драгана Типсаревиќ, библиотекарка советник и поранешна директорка во Народна библиотека „Стефан Првовенчани“ од Кралево, денеска беше гостин во нашата установа.

Во своето излагање од долгогодишната работа како прв човек на установата во Кралево, таа пренесе бројни предлози и идеи, со кои што може да се подобри функционирањето на секоја библиотека.

На оваа работна средба, освен вработените во Библиотеката во Прилеп, присуствуваа и библиотекари и наставен кадар од основните училишта во Прилеп.

Градската библиотека „Борка Талески“ и Народната библиотека „Стефан Првовенчани“ со години бележат успешна взаемна соработа, која продолжува и натаму!