Три конкурси за ученици

Почитувани,

По Ваше барање ги одложуваме термините за објавените конкурси, како што следува:

Податоците за учесниците да се испраќаат најдоцна до 31.10.2022 година.

Натпреварот за најдобра рецитација ќе се одржи на 01.11.2022 година во 11 часот.

Избор на најдобар краснопис ќе се одржи на 03.11.2022 во 11 часот.

Имињата на најдобрите рецитатори, автори на лични творби и ученици кои имаат најдобар краснопис ќе бидат објавени на 07.11.2022 година, а доделување дипломи и награди на 09.11.2022 година во 11 часот.

Срдечен поздрав,
Каролина Крстеска


ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“-ПРИЛЕП,
ДЕНЕСКА ОБЈАВУВА ТРИ КОНКУРСИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНО
ОБРАЗОВАНИЕ ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП

  1. КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА РЕЦИТАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИ ОД I – V, VI – IX ОДДЕЛЕНИЕ
    И I – IV КЛАС

• Изборот на творби е слободен.
• Времетраењето на една рецитација да не биде подолго од 3 минути.
• Да биде чиста рецитација (рецитирање наизуст) без пропратни видео и аудио ефекти.
• Податоците за учесниците со свои рецитации да се испраќаат на e-mail адресата на библиотеката bibliotekaprilep1@gmail.com најдоцна до 31.10.2022 година.
• Натпреварот за најдобра рецитација ќе се одржи на 01.11.2022 година во 11 часот со физичко присуство.

                                    Претседател на Комисија
                                         Магда Василеска 

  1. КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА НАЈДОБАР КРАСНОПИС ЗА УЧЕНИЦИ ОД III – V ОДД.

• Ученикот/ученичката да користи ракописно кирилско писмо.
• Правилно пишување на ракописните букви, со посебен нагласок на буквите: д, т, з, л, љ, ј, р.
• Пишувањето со иста големина на мали букви.
• Користење правилна интерпункција, знаци, голема буква и почитување на правилото за пренесување на збор во нов ред.
• Приближно исто растојание помеѓу зборовите и приближно исто растојание на буквите во зборот и треба да следат приближно со ист наклон и ритам на задебелување и разредување на линиите.
• Користење на пенкало, малку грешки при пишувањето и сéвкупен впечаток на јасно и прецизно пишување.
• Податоците за учесниците да се испраќаат на e-mail адресата на библиотеката bibliotekaprilep1@gmail.com најдоцна до 31.10.2022 година.
• Натпреварот ќе се одржи на 03.11.2022 година во 11 часот со физичко присуство

                                    Претседател на Комисија
                                        Еленче Ташковска

  1. КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИЧНА ТВОРБА ЗА УЧЕНИЦИ ОД VI – IX ОДДЕЛЕНИЕ
    ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ И I – IV КЛАС СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

• Творбите да бидат авторски / оригинални и необјавени досега.
• Творбата да биде испратена во електронска форма, потпишана со име и презиме на авторот, работена во Word, Times New Roman, фонт 12, кирилична поддршка.
• Темата и мотивите се по слободен избор.
• Композиција на песната.
• Суштински поетски (лирски) белези на песната.
• Јазичниот израз во песната и сéвкупниот впечаток од песната (нешто посебно, ексклузивно во песната).
• Личните творби треба да бидат испратени најдоцна до 31.10.2022 година на мејлот на библиотеката bibliotekaprilep1@gmail.com со назнака „За конкурсот за најдобра лична творба“.

Претседател на Комисија
Каролина Крстеска

   Прилеп                            ЈОУ Градска библиотека 
05.10.2022 г.                      „Борка Талески” - Прилеп