Подрарок 15 книги од Македонскиот композитор и публицист, Јане Коџабашија

Македонскиот композитор и публицист, Јане Коџабашија на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп подари 15 книги од своето творештво.

Творечкиот опус на Коџабашија, припаѓа на забавната, хорската, камерната и црковната музика, музика за деца, музика за филм, радио и телевизија. Во областа на музичката публицистика тој е автор на музички рецензии радио емисии (портрети, интервјуа…) и др.

Добитник е на повеќе значајни награди и признанија во земјава и странство.

Вработените во Библиотеката ја изразуваат својата благодарност на авторот, за вредната донација.