РЕЗУЛТАТИ ОД КОНКУРСОТ ЗА КРАТОК РАСКАЗ

На конкурсот за краток расказ што го распиша ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп, во определениот рок од конкусот пристигнаа вкупно 19 раскази.Жири комисијата која ги оценуваше пристигнатите трудови, во состав: Петар Петрески, Габриела Стојаноска – Станоеска и Трајче Кацаров, утврди дека сите раскази ги исполнуваат пропозициите од конкурост и одлучи да ги додели следните награди:

  1. Прва награда за расказот „Времето за поправање на покривот е кога сонцето сјае“, подшифра „ЏФК“
  2. Втора награда за расказот „Мојот оџак“, под шифра „Еурека“
  3. Две трети награди за расказите: „Гласот од планината“, под шифра „Откорнати души“ и „Сентиментален валс“, под шифра „Пржено јајце“.

Комисијата констатира дека поголемиот број од пристигнатите раскази се со респективен книжевен квалитет, модерна раскажувачка постапка и богата лексика и од тие причини одлучи да
додели две трети награди. Сите пристигнати раскази ќе бидат објавени во посебна збирка, во издание на ЈОУ Градска библиотека „Борка талески“ – Прилеп.

Се замолуваат авторите на наградените раскази, по објавувањето на резултатите на фејсбук страницата на Библиотеката, веднаш да достават свои податоци: име и презиме, адреса, матичен број и трансакциска сметка и тел. број за контакт, на мејлот на библиотеката на кој ги испратија своите раскази: bibliotekaprilep1@gmail.com

Датумот на доделувањето на наградите ќе биде објавен на фејзбук страницата на Библиотеката.

Прилеп, 26.12.2022г.

За жири комисијата
Петар Петрески