Поклон, почит и свежи цвеќиња пред спомен обележјата на народниот херој Борка Талески

По 82 години од грозоморното убиство на нашиот патрон, народниот херој Борка Талески и неговиот соборец, Лазо Филиповски Лавски, делегации од ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“-Прилеп и прилепската организација на Сојуз на борци, ги посетија сите спомен обележја во месноста Чашка и бистите во Алејата на народните херои, и во двете установи, положија свежи цвеќиња и се поклонија пред делото на хероите.