ЈАВЕН ОГЛАС БР.02 – 171/2

За вработување на 2 лица на неопределено време – даватели на услуги

Врз основа на член 77 – а, став 1, 2 и 5, член 77 – б, член 77 – в, став 1, член 77 – г, член 77 – д, член 77 – ѓ од Законот за култура („Сл. весник на РМ“ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18, Одлука на Уставниот суд на РМ У бр.196/2007 од 16.01.2008, објавена во Сл.весник на РМ бр.15/2008) ), член 20 – г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл. весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18), Правилникот за пополнување на работните места за даватели на јавни услуги и лица од помошно – технички кадар во ЈОУ Градска бибиотека „Борка Талески“ – Прилеп, со арх. бр. 02 -22/4 од 30.01.2023 година, донесен согласно Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот  на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Сл. весник на РМ бр. 34/15), Согласноста од Министерството за финансии, бр.19 – 7697 од 19.10.2026 година, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БР.02 – 171/2 

За вработување на 2 лица на неопределено време – даватели на услуги

Јавната општинска установа Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп објавува јавен оглас за вработување на две лица – даватели на услуги, на следните позиции:

1. Библиотекарски помошник, КУЛ 03 04 Ѓ02 005 – сектор за стручна обработка, заштита, чување и издавање на книжен фонд – одделение за за деца и возрасни и чување на книжен фонд……………………………………………………………….. 1 извршител

2. Библиотекар, КУЛ 03 04 Д03 001 – сектор за стручна обработка, заштита, чување и издавање на книжен фонд – одделение за стручна обработка на библиотечен материјал………1 извршител

Пријавениот кандидат треба да ги исплнува следните

I.ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ДВЕТЕ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ:

  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

II. ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОД РЕДЕН БРОЈ 1 – БИБЛИОТЕКАРСКИ ПОМОШНИК:

  • вишо/средно – гимназија, економско/високо образование (240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1
  • без работно искуство

III. ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОД РЕДЕН БРОЈ  – БИБЛИОТЕКАР:

  • високо образование – наука за книжевност, политички науки, интердисциплинарни студии по новинарство (240 кредити според ЕКТС или завршенVII/1 степен)
  • работно искуство до 1 година

IV.  ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Пријавата за вработување треба да содрши:

  • податоци за кандидатот (име и презиме, единствен матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон)
  • кратко мотивационо писмо
  • кратка биографија
  • изјава за исполнување на исполнување на општите услови за работното место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно
  • изјава за исполнување на посебните услови за работното место со наведување ДА?НЕ за секој услов одделно

Покрај пријавата и посочените прилози, кандидатите за вработување треба да приложат и:

  • уверение за државјанство (не постаро од шест месеци)
  • диплома/уверение за завршено образование
  • доказ за работно искуств (доколку е наведено во посебните услови)
  • потврда дека на кандидатот не му е изречена абрана за вршење на професија, дејност или должност (не постара од шест месеци)
  • лекарско уверение за општата здравствена состојба на кандидатот (не постаро од шест месеци)

Сите документи треба да бидат доставени во иригинал или копии заверени на нотар

V. Јавниот оглас трае 15 (петнаесет дена), сметано од денот на неговото објавување во три дневни весника, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик

Распоред на полно работното време:

Работното  време изнесува 40 часа неделно и е организирано во две смени:

Прва смена: од 07ч. до 15 часот и Втора смена: од 11ч. до 19 часот, од понеделник до петок

Паричен нето износ на плата:

За работното место под реден број 1 – библиотекарски помошник……………….41.104 денари

За работното место под реден број 2 – библиотекар……………………………………51.268 денари

Постапката за селекција при вработување се врши во две фази и тоа:

1. Административна селекција за проверка на веродостојноста на податоците и доказите доставени на јавниот оглас

2. Интервју

Кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција имаат право да продолжат на интервјуто и ќе бидат контактирани за времето и местото за одржување на интервјуто.

Пријавата која кандидатот треба да ја пополни ќе може да ја преземе од веб страницата на библиотеката:  biblioprilep.org.mk или да ја подигне од архивата на Библиотеката секој работен ден од понеделник до петок во периодот од 08 до 18 часот.

Пријавите со сите потребни документи кандидатите треба да ги достават до архивата на Библиотеката секој работен ден од понеделник  до петок од 08 до 16 часот или по пошта на адреса ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, бул. „Гоце Делчев“ бр.18/2, 7500, Прилеп,

                                                                                         ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп

                                                                                                        Андријана Ристеска – директор