Од први до шести март намалена е членарината во библиотеката „Борка Талески“

По повод патрониот празник „2 Март“ и во година кога одбележуваме 100 години од раѓањето на нашиот патрон, народниот херој Борка Талески и 79 години од неговата херојска смрт, од 1 до 6 март, висината на членарината е намалена.

Годишната членарина за зајмување книги во одделот за деца е за симболични 150 денари, додека во одделот за возрасни само за 200 денари.

Од понеделник до петок, вообичаено работното време за читателите почнува од 7.30 часот, а завршува во 18.30 часот.

Библиотеката веќе неколку месеци работи и во сабота, од 7.30 до 12часот со цел да излезе пресрет на потребите на своите корисници.

Ајде заедно да чествуваме! Зачленете се и обновете го вашето членство, токму оваа недела!