Писателката Билјана Тинтоска, авторка на повеќе прозни дела, годинава публикуваше две изданија со наслов: „Ангел во тело“ и „Работилница за живот“.

„Ангел во тело“ е нејзиниот последен роман, во кој таа, со зборови ја плете суштината на животот, тајните на радоста, среќата, тагата, стравот и вербата, вредностите кои не се гледаат со очите, ами се допираат со душата. Наместо вовед во романот, Тинтоска ги избрала стиховите на една извонредна стара македонска песна:

„Чуј бледи докторе, без милост,
што стоиш гордо над мене
и сечеш ми месата мртви,
смирен, безжалостен, студен…
Чуј, твојот нож, мене не ме плаши,
и ти не знаеш која сум,
затоа чуј да ти раскажам
која сум, па сечи тогаш.
Јас мајка, татко не познавам,
таткова куќа, јас немам,
по улиците непознати,
се скитав и пораснав там …“

И оваа и книгата раскази со наслов „Работилница за живот“ од најновата продукција на Тинтоска може да ги најдете во нашата Библиотека.
Авторката е посветен професор по македонски јазик и со успех води Драмска секција.

Вработените во Библиотеката и посакуваат уште многу успешни дела и разменети радости со читачката јавност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *